Со падот на вредноста на турската лира "падна" и првата поголема инвестиција на Балканот

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 август, 2018 11:29

Прва жртва од “падот” на лирата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поради флуктуацијата на јужноафриканскиот ранд и турската лира планираното купување на словенечката Фабрика за батерии (ТАБ) од Межица не е реализирано.

Директорот на ТАБ Богомир Ауприх потврди за љубљански “Дневник” дека разговорите со “Метаир инвестментс лимитед” од Јужна Африка беа прекинати.

“Високата нестабилност и падот на вредноста на турската лира и јужноафриканскиот ранд најважните валути за “Метаир” како и зголемените трошоци за финансирање на двата пазари се објективни околности кои го отежнуваат остварувањето на стратешките врски. Поради сегашната финансиска нестабилност во Јужна Африка “Метаир” сака да се фокусира на деловното оптимизирање.” – наведоа во објаснувањето.

Корушката компанија чии приходи во последните две децении се зголемија околу десет пати има намера да продолжи со потрагата по стратешки партнер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.