Вооружената престрелка во Куманово, или полициска акција за разбивање на вооружена терористичка група, траеше на 9 и на 10 мај 2015 година во Куманово. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 мај, 2019 10:15

Пред точно четири години Македонија беше завиена во црно: Загуби 8 херои во терористичкиот акт од Диво насеље

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешен ден пред точно четири години Македонија беше завиена во црно, по загубата на осум македонски полицајци, во терористичкиот напад во кумановско Диво насеље, за кој сè уште нема судска пресуда.

Вооружената престрелка во Куманово, или полициска акција за разбивање на вооружена терористичка група, траеше на 9 и на 10 мај 2015 година во Куманово. 

Акцијата започна рано изутрина во 04:30 часот во саботата на 9 мај и траеше речиси непрекинато 28 часа, сѐ до 10:00 часот во неделата на 10 мај. Акцијата резултираше со победа на македонските специјални сили и целосно неутрализирање и елиминирање на терористичката група, која дел ѝ се предале на македонските власти во текот на вечерта во саботата на 9 мај.

Во првичните разговори со лицата, кои претходно се предале на полицијата, било посочено дека цели на групата биле напади на државни и цивилни цели, кои би започнале со спроведување од средината на мај.

Јавното обвинителство на Република Македонија покренало постапка за приведените во акцијата во Куманото веднаш по самото нивно приведување, откако МВР поднело кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против определен број лица за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност“.

Од 37 обвинети за тероризам и терористичка организација, 33 луѓе беа осудени за делата а за четири лица е донесена ослободителна пресуда. За седуммина беше изречена казна од доживотен затвор. 

Случајот беше даден на СЈО, бидејќи сега актуелниот премиер Заев, во изминатите години, најавувуваше дека СДСМ има „бомби“ кои ќе помогнат во расветлувањето на тие случаи.

-Има некои индиции, се работи предистрагата, но ќе биде многу тешко да се каже дали воопшто ќе биде преземен тој предмет, изјави вчера специјалната обвинителка Катица Јанева, прашана за кумановските настани, односно случајот Диво Насеље.

Јанева информираше дека СЈО има некакви индиции, но се уште нема најдено разговори во „бомбите“ кои ги доби од Зоран Заев и СДСМ, за да може да воспостави надлежност врз тој предмет.

Пред четири години Македонија загуби 8 херои: Терористичкиот акт од Диво насеље и натаму без судски епилог

Според искажаното од надлежните во македонското Министерство за внатрешни работи во 2015 година, може да се заклучи дека станувало збор за една од најопасните терористички групи. Иво Котески, тогашниот портпарол на македонското МВР истакна дека групата била закана за целиот регион и била вклучена во бројни напади, а нејзините членови биле барани со меѓународни потерници.

По утврдувањето на индетитетот на уапсените препознаени се Мухамед Красниќи, Сами Укшини и Деме Шеху. Меѓу убиените се Мирсад Ндрецај и Бег Ризај.

Од страна на македонските безбедносни сили загинале осум припадници на специјалните единици на македонската полиција, а биле повредени дури 37 други полицајци во уличните борби низ тесниот и густо населен урбан дел на приградската населба во Куманово.

Премиерот Заев, го посети местото на терористичкиот напад, на неколку дена по крвавата престрелка, во Диво Насеље, и се фотографираше со тамошните жители

Во крвавата престрелка животот го загубија следниве припадници на специјалните единици на македонската полиција:

Жарко Кузмановски (р. 1981), од с. Брвеница, Тетовско, Ненад Серафимовски (р. 1987), од с. Зубовце, Гостиварско, Сашо Самојловски (р. 1982), од с. Брвеница, Тетовско, Бобан Ивановиќ (р. 1968), од с. Стајковци, Скопско, Горан Илијевски (р. 1974), од Гостивар, Исамедин Османи (р. 1983), од с. Студеничани, Скопје, Љубиша Аранѓеловиќ (р. 1966), од Скопје, Горан Стојменовиќ (р. 1970), од Миладиновци, Скопје.

На страната на терористите, на лице место биле пронајдени 14 мртви тела во униформи, чиј идентитет сѐ уште не е познат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.