Конкурсот е реализиран во склоп на иницијативата „Нови сувенири за Старата скопска чаршија“, која се спроведува како дел од ROCK проектот што е дел од програмата Horizon 2020 и се реализира со финансиска поддршка од Европската унија.

Објавил: Владо Марин | 12 октомври, 2020 13:01

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД КОНКУРСОТ „НОВИ СУВЕНИРИ ЗА СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА“ УТРЕ ВО МСУ!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД КОНКУРСОТ „НОВИ СУВЕНИРИ ЗА СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА“ УТРЕ ВО МСУ!

На платото пред Музеј на современа уметност утре (13.10.2020) со почеток во 11 часот ќе се одржи презентација на резултатите од К О Н К У Р С О Т за откуп на идејно-обликовни решенија за изработка на прототип на сувенири за Старата скопска чаршија.

Конкурсот е реализиран во склоп на иницијативата „Нови сувенири за Старата скопска чаршија“, која се спроведува како дел од ROCK проектот што е дел од програмата Horizon 2020 и се реализира со финансиска поддршка од Европската унија.

Иницијативата „Нови сувенири за Старата скопска чаршија“ има за цел ја зголеми свесноста за значењето на оваа културно-историска целина во градот Скопје и да ги промовира нејзините вредности. Понудените решенија требa да ги истакнат вредностите на културното наследство, старите занаети и да претставуваат одраз на традицијата и културните, историските, материјалните и духовните вредности на Старата скопска чаршија како заштитена културна целина од особено значење со богато културно-историско наследство. Истовремено, целта e да се овозможи идентификација, промоција и вклучување на креативниот дизајнерски потенцијал со цел истиот да даде свој директен придонес во креирањето на модерни и во духот на времето сувенири.

Kреирањето на сувенирите во современите туристички понуди, веќе не е само во рацете на стихијната креација на занаетчиите и ракотворците, туку сè повеќе е резултат на јасно дефинирани дизјнерски и маркетинг активности кои го создаваат имиџот, ќе го промовираат и презентираат градот Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Кретивно

Неправилностите на изборите не се современа појава. Уште тогаш биле поставувани луѓе, дури и под масите каде стоеле кутиите и нивна задача била да слушаат каде ќе тропне топчето.

ФОТО: Еве како изгледале гласачките кутии во Македонија меѓу двете светски војни

Со појавата на локални и парламентарни избори на територија на Македонија, гласањето...

Факт е дека како резултат активностите на овој проект и на низата други значајни сеопфатни проекти оваа година не разговараме за загаден воздух во главниот град, односно имаме огромно намалување на бројот на денови со надминати концентрации на пи-ем честички.

Заев: На Светскиот ден на животната средина веќе не разговараме за загаден воздух како резултат на сеопфатни акции на сите засегнати страни

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев вчера зеде учество во...

Тој додаде дека на општо задоволство Скопје чекор по чекор се претвора во зелена престолнина каква што скопјани заслужуваат, односно со високи европски стандарди на уредување на зеленилото коешто е под ингеренции на Градот.

НОВ ГРАДСКИ ДРВОРЕД: РАЗЗЕЛЕНИ БУЛЕВАРОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ KAJ МРТВ

Со засадување на дрворед од 58 висококвалитетни садници покрај булеварот Гоце Делчев...

Со тоа се зголеми бројот на акредитирани методи во делот на хемиските лаборатории во рамките на методата јонска хроматографија, анализа на земноалкални и алкални метали, алкалитет и дел од тешките метали со што се овозможува подетално утврдување на квалитетот на испитуваните примероци.

За прв пат во нашата земја квалитетот на пакуваните минерални води ќе се испитува со најсовремена опрема

За прв пат во нашата земја квалитетот на пакуваните минерални води ќе се испитува со...