Алили најави дека родителите кои веќе ги запишале своите деца немале можност да контактираат со заразеното лице затоа што просторот за прием на ученици од основно училиште е посебен.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 јуни, 2020 11:56

Прекинат уписот на првачиња во училиште во Тетово, наставник заболел од коронавирус

Фото/Текст извор: ©Алсат.мк

Во основното училиште „Истикбал“ во Тетово е прекинат процесот на запишување на учениците од прво одделение откако еден од наставниците бил позитивен на коронавирус. Директорот Реџеп Алили, заедно со уште 39 наставници се во самоизолација поради контакт со колегата, објави Алсат.

„Постепено ќе бараме тестирање на оние за кои мислиме дека имале контакт со ова лице. Родителите исто така ќе бидат известени преку нивните адреси, телефонски броеви и електронски пошти. На 15 јуни ќе продолжиме со уписот на првачињата. Комисијата за прием на ученици и заразеното лице немале никаков контакт со родителите кои доаѓаа да ги запишуваат своите деца.“

Алили најави дека родителите кои веќе ги запишале своите деца немале можност да контактираат со заразеното лице затоа што просторот за прием на ученици од основно училиште е посебен. Уписот ќе започне по дезинфекцијата на училиштето. Во другите основни училишта, запишувањето во прво одделение се врши според здравствените препораки. Во некои од нив, поставени се импровизирани канцеларии во надворешните простории на училиштето.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.