Косовските власти во екот на тензиите со Србија сами започнаа со демаркација на границата

Објавил: Мартин Попоски | 20 август, 2018 12:07

Приштина тврди дека почнала подготовки за демаркација на границата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Членовите на Комисијата на косовска влада за демаркација на границата со собирање документација почнаа со подготовки за обележување на линијата со централна Србија изјави претседателот на комисијата Шпејтим Булиќи.

Тој додаде дека “не гледа пречка за обележување на граничната линија.” – jави РТ Србија повикувајќи се на приштински медиуми.

“Подготовките во Комисијата – собирање документација и изготвување на стратегијата – започнаа по барање на косовскиот премиер Рамуш Харадинај. Во оваа ситуација има одредени промени во граничните линии што се случија во одредени периоди. Но сите тие промени што се случија на граничната линија се покриени со документација и политички одлуки од одредени периоди.” – рече Булиќи.

Може да се очекува дека на следниот состанок на косовскиот претседател Хашим Тачи и српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел да се разговара за прашањето за корекција на границите. Приштинските аналитичари истакнуваат дека ниту една институција нема право да одлучува за територија – федерации – мир – надворешен долг – освен косовското Собрание.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.