Состојба на патиштата за викендов

Објавил: Узунов Бобан | 2 март, 2019 7:38

Проверете ја состојбата на патиштата пред да тргнете на пат

Фото/Текст извор: ©магазин

 

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Од денеска ќе започне  изведување на градежни работи на регионалниот патен правец Охрид – Свети Наум, во делот булевар Туристичка во должина од 3,5км. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Исто така денеска и на 04.03.2019 од 08:00 часот до 17:00 часот ќе се изведуваат градежни работи при поставување на индуктивни јамки за броење на возила на Автопат А1, делница Неготино-Демир Капија за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Се  потсетуваат за возачите дека законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, трае до 15 март.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.