Како што објави Дојче Веле според податоците, во 2018 година, дури 18.478 македонски државјани се упатиле кон Германија за подобар живот, но од нив 7.812 не се вратиле во својата земја.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 јули, 2019 10:42

Продолжува трендот на иселување- дури 18.478 македонски државјани си ја побарале среќата во Германија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Како што пренесува Дојче Веле во својата анализа, повикувајќи се на податоци од германското Биро за статистика, се поголем е бројот на македонски државјани кои се иселуваат во Германија пренесува.

Како што објави Дојче Веле според податоците, во 2018 година, дури 18.478 македонски државјани се упатиле кон Германија за подобар живот, но од нив 7.812 не се вратиле во својата земја.

Македонија е една од земјите не само во регионот, туку и во Европа која e типично иселеничка земја. Најчести причини за иселување се невработеноста и ниските плати. Фото: НОВА МАКЕДОНИЈА

Во однос на претходната, 2017 година, нето бројот на оние кои останале да работат и живеат во Германија е зголемен за 30 проценти. Ккао што објави Дојче веле, засега не е достигнат бројот од 2015 година, која всупност е и рекордна година кога станува збор за иселувањето.

Во 2015 година беа забележани преку 24.000 заминувања од државата, од кои 12.000 не се вратија во Македонија. 

Како што пренесува „Дојче Веле“, германската статистика покажува дека растот на бројот на доселеници од Македонија започнува во 2011 година. Тогаш во земјата пристигнале 5.679 имигранти, но останале само 495. Веќе следната, 2012 година, се бележи драстичен пораст. Од нешто над 11 илјади имигранти, во Германија останале нешто помалку од половината, односно- 5.351. Растечкиот тренд продолжил и во следните години.

Извор: Дојче Веле

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.