Уапсени Албански државјани за недозволена трговија со дрога. Пронајдени се 60 кг марихуана на магистралниот пат Струга - Ќафасан.

Објавил: admin@magazin | 22 декември, 2018 16:35

Пронајдени 60 кг марихуана. Уапсените се Албански државјани

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Одделот за организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција, со поддршка на ОСПО, ноќеска пресекле уште еден меѓународен канал за недозволена трговија со марихуана, при што се запленети околу 60 килограми марихуана и од слобода се лишени тројца државјани на Албанија.

Во 1.40 часот по полноќ на магистралниот пат Струга – Ќафасан во близина на село Франгово, при вршење контрола затекнати се три лица К.Г. ( 56), Е. Ч. (24) и Н. Х. (40) од Прењас, Албанија, кои преку зелената граница по илегален пат од територија на Албанија до Македонија, ја пренесувале марихуаната соопшти МВР.
Полицијата кај лицата пронашле и одзеле седум вреќи во кои имало 14 полиетиленски пакувања со марихуана.

На овие лица во текот на денешниот ден, ќе биде кривична пријава во текот на денешниот ден. Кривична пријава ќе биде до ОЈО Струга за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 ст.1 од Кривичниот законик на Р.Македонија, информира МВР.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.