Демонстрантите ги исвиркаа имињата на пратениците и дел од првично обвинетите за 27 април

Објавил: admin@magazin | 22 март, 2019 15:48

Протест пред Кривичен: И Села во одбрана на „спасителот“ Алими

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Пред Кривичниот суд во Скопје попладнево се одржа протест поради изречената затворска казна на Абдулфета Алими, кој беше осуден на седум години затвор како еден од обвинетите за случувањата во Собранието на 27 април 2017 година.

Демонстрантите ги исвиркаа имињата на пратениците и дел од првично обвинетите за 27 април, кои потоа беа опфатени со Законот за амнестија.

Алими, кој беше еден од сведоците на судењето за нападот врз Зијадин Села, тврди дека не учествувал во насилствата во Собранието на 27 април туку помагал да се спаси и евакуира лидерот на Алијансата за Албанците.

Против затворската казна на Абдулфета Алими јавно се изјасни и лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села кој заедно Арбен Таравари протестираа со насобраниот народ пред кривичниот суд.

Учесниците на протестот најпрвин се собраа пред споменикот на Скендeр Бег по што дојдоа пред Судот.

Сообраќајот на булеварот пред судот беше блокиран, а околу зградата имаше засилено полициско присуство.

Абдулфета Алими, кој беше еден од сведоците на судењето за нападот врз Зијадин Села, тврди дека не учествувал во насилствата во Собранието на 27 април, туку помагал да се спаси и евакуира лидерот на Алијансата на Албанците.

Судијката Добрила Кацарска на 15 март, обвинетите ги прогласи за виновни кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и ги  изрече следните пресуди за обвинетите: Митко Чавков -18 години затвор, Душко Лазаров -15 години затвор, Горан Ѓошевски-Леви -15 години затвор, Митко Пешов -15 години затвор,  Оливер Поповски – 13 години затвор, Мунир Пепиќ -15 години затвор, Абдулфета Алими -7 години затвор, Оливер Радулов -10 години затвор, Јане Ченто -15 години затвор, Игор Југ -12 години затвор,  Александар Василевски-Нинџа -8 години затвор, Никола Митревски-Кољо -15 години затвор, Младен Додевски -12 години затвор, Горанче Ангеловски -12 години затвор, Влатко Трајковски -15 години затвор и Вилијам Михајловски -14 години затвор, кои се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок. 

Обвинетиот Игор Дурловски беше ослободен од обвинението.

Обвинителката предложи продолжување на мерката притвор за осудените Митко Чавков, Јане Ченто, Игор Југ, Младен Додевски Влатко Трајковски, бидејќи според неа постои опасност од бегство. За преостанатите за кои е изречена затворска казна е побарано определување мерка притвор до правосилност на пресудата.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.