Договорот предвидува преименување на македонската држава во Северна Македонија и цел пакет уставни промени поврзани со тоа

Објавил: admin@magazin | 1 септември, 2018 11:56

Професор од Оксфорд: Преспанскиот договор треба да биде запрен

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Професорот по балканска историја на колеџот Сент Крос од Оксфорд, Џејмс Петифер повика на запирање на Преспански договор, кој предвидува преименување на македонската држава во Северна Македонија и цел пакет уставни промени поврзани со тоа.

„’Грчкиот министер за одбрана ги обвинува официјалните лица на ПЈРМ за поткопување на односите’ (‘Катимерини’). Го разбирам погледот на Каменос, но, имајќи ја предвид домашната публика на Димитров, Преспа е осудена на влошување на односите во пракса. Преспа треба да биде запрена“, напиша на својот профил на „Твитер“ балканологот што малку пред тоа ќе твитне:

„Среќен сум што сум потписник на ова писмо, кое дава добар, чувствителен став против Преспански ‘договор’, кое лондонски ‘Гардијан’ одби да го печати“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.