„Јас бев директна жртва на Груевски. Ништо не му должиме и немаме ниту потреба ни логика да правиме договор со таков човек, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Објавил: admin@magazin | 5 јануари, 2019 11:20

Радмила Шеќеринска : “Јас бев жртва на Никола Груевски”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Потпретседателката на Владата Радмила Шекеринска, во интервју за 1ТВ изјави дека ја подржува амнестијата, но таа не сака во амнестијата да не бидат вклучени насилниците на 27 април.

Заедно со многу граѓани бевме на улица и успеавме со пенкало да победиме. Некои со крв, но повеќето со пенкало. Сметаме дека имаме морално право да кажеме да – за амнестија врзана за 27 април во која нема да бидат вклучени насилниците и организаторите. Ниедна промена не е лесна ни безболна. Но сметаме дека амнестијата за одреден дел од учесниците на 27 е април е цена која што ние ќе ја платиме, но се е за повисока цел – евроинтеграции, изјави потпретседателката на Владата на Република Македонија и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска.

„Овие 4 години целта ни беше да ја ослободиме државата од режимот и фокусот ни е во евроинтеграциите. Во овој момент не размислувам и немам право да размислувам за личните амбиции“, изјави министерката.

„Јас лично бев директна жртва на Груевски. Ништо не му должиме и немаме ниту потреба ни логика да правиме договор со таков човек. Јас сум нестрплива, но понекогаш правдата е спора. Јaс повеќе би сакала и очекувам од обвинителот да добиеме точeн извештај и истрагата да докаже кој се бил соучесник, а со тоа да се спречи повторување на ваков случај. Не ни е цел да ја спасиме државата, а да ја изгубиме правдата.

Околу претстојните претседателски избори, Шекеринска смета дека опозицијата не сака да си ги измери силите на избори и дека е можно шансата да ја бараат преку бојкот.
„Според минатото искуство тие ќе продолжат да се однесуваат неодговорно“, додава министерката за одбрана.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.