Тие дњнеска повторно го блокираа патот Струмица - Радовиш

Објавил: admin@magazin | 18 август, 2018 13:49

Радовишките производители на сливи бараат по пет денари обештетување од државата

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Производителите на сливи од Радовишко денескаго блокираа патот Струмица-Радовиш незадоволни поради немање откуп на сливите. Според нив Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство не го испочитувало договорот за предадените количини сливи да добијат кантарни белешки за да можат да добијат плус три денари за килограм.

„Бараме по пет денари за килограм обесштетување за секој производител на слива. Тоа го бараме бидејќи Владата веќе има превидено по три денари за секој предаден килограм слива и два денари за откупувачите. Но, во случај кога нема откуп, бараме овие пет денари да се исплатат на производителите на сливи за да можат да покријат барем дел од трошоците кои ги имаат за производство“, изјави Станко Младеновски од Иницијативниот одбор.

Тие бараат и исплатата на обесштетувањето да се однесува во просек на три илјади килограми сливи од декар за секој производител.

Производителите на сливи најавијиа дека доколку не се прифатат нивните барања тие утре ќе продолжат со блокада патот Струмица-Радовиш во траење до три часа, а секој нареден ден блокадата ќе се зголемува за еден час.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.