Овошјето на кое евентуално му се вадат семките и лушпата се сече на парчиња и се става во сад да се вари со еквивалентна тежина шеќер се додека не се добие густа смеса.

Објавил: admin@magazin | 26 септември, 2019 20:57

ЏЕМ ОД МАЛИНИ И КОКОС!

Фото/Текст извор: ©готви.мк

Овој несекојдневен спој ќе ве воодушеви со својот вкус. Ви донесуваме рецепт за овој фантастичен џем.

Џем е слатко кое се добива со вриење и конзервирање на некои плодови во еквивалентната тежина на шеќер. Џемот е храна од плодови зовриени во шеќер а воедно и начин да се консумираат некои горчливи и тврди овошја како дуња кои не се многу вкусни во нивната природна состојба.

Во минатото џемот бил приоритетен начин да се зачуваат плодовите од брзо скапување (на пример : јагоди, кајсии, боровинки) после жетвата. Шеќерот и испарувањето на водата, овозможуваат џемот да се конзервира. Ако количеството на шеќер не е доволно за да се обезбеди оваа конзервација на собна температура, се добива компот. За џем се користи бел кристализиран шеќер бидејќи нерафинираниот шеќер може да содржи нечистотии кои може да го расипат џемот.

Состојки:

500 гр малини
250 гр шеќер
џемфикс
кесичка лимонтус
4 лажици ликер од кокос

Начин на подготовка:

Во тенџере ставете малини, шеќер и џемфикс и сѐ добро измешајте и оставете да отстои околу 15 минути.

Потоа, додајте кокос и, мешајќи, оставете да се готви 3 минути. На крај измешајте и лимонтус и ликер. Џемот тргнете го од оган и веднаш ставете во тегли.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.