Чоколадото често се произведува во мали калапи во форма на правоаголници, животни, луѓе или објекти кои служат за славење на некои фестивали ширум светот.

Објавил: Мирко Бачиќ | 5 февруари, 2020 21:49

Чоколадни коцки со кокос

Фото/Текст извор: ©мои рецепти

Чоколадото опфаќа голем број на сурови и процесирани хранливи производи што имаат потекло од семето на тропското какао дрво.

Тоа е честа состојка на многу видови на слаткарски производи како што се чоколадните плочки (најпознати едноставно како чоколадо), малите чоколатца, сладолед, колачи, торти, пити, чоколаден мус (крем) и други десерти.

Тоа е една од најпопуларните (или најпрепознатливите) вкусови во светот. Денес, под поимот „чоколадо“ најчесто се подразбираат чоколадните плочки направени како комбинација од семе на какао, маснотии, шеќер и други состојки кои имаат точка на топење малку помала од телесната температура.

Овој десерт потекнува од австралискиот регион, а ние ви ја предлагаме да ја пробате оваа варијанта на подготовка.

Состојки:

250гр. маргарин

250гр. путер

300гр. кафеав шеќер

4 цели јајца

2 лажици рум

2 лажици чоколадо во прав

500гр. брашно

за преливање..

400гр. шеќер во прав

2 лажици чоколадо во прав

80гр. маргарин

6-7 лажици млеко

50гр. кокос

Подготовка:

Најпрво се бијат маргаринот и путерот во сад, настрана се бијат јајцата и од таа смеса постепено се додава во претходно биениот крем од маргарин и путер, следува шеќерот, останатите продукти,за на сам крај да се додава брашното,истовреме биејќи со миксерот.

Доколку ви се гледа ,,тврда смеса,, ќе ја префрлите смесата во садот за месење леб…доколку немате таков, тогаш поупорно со миксерот, подоцна самиот колач е доста мек зашто има и доста маргарин и путер, кои допринесуваат за тоа. Смесата се излева во стандарден плех над хартија и се печи на 180 околу 20 минути.
Додека се печи се припрема смесата за најгоре. 400гр. шеќер во прав се меша со чоколадото во прав и маргаринот кој треба да е на собна температура за убаво да се избијат со миксер, додавајќи млеко постепено во него.

Над жежок кекс се става оваа смеса и веднаш се посипува со кокос. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.