Вкусни чоколадни мафини

Објавил: admin@magazin | 10 февруари, 2020 22:59

ЧОКОЛАДНИ МАФИНИ

Фото/Текст извор: ©мои рецепти

Направете вкусни чоколадни мафини и изненадете го вашето семејство и пријатели со овој вкусен десерт.

Можете да ги направите за роденден, крштевки или за полнолетство на вашето дете. Добар избор за вашата кујна.

Одличен десерт за вашите најблиски. Посипете ги со чоколада сечкана на ситни парчиња.

Состојки:

250 г брашно

1 кесичка прашок за пециво

половина лажиче сода бикарбона

две лажици какао

175 г кафеав шеќер

150 г црна чоколада со висок процент какао

250 мл млеко

90 мл масло

едно јајце

две лажици екстракт од ванила

лажица рум

Подготовка:

 1. Чоколадото се сечка на покрупни парчиња.
2. Во длабок сад убаво се мешаат сувите состојки.
3. Посебно се матат течните состојки.
4. Добиената смеса се додава во садот со сувите состојки и се меша колку да нема грутки.
5. Се полнат хартиени корпици во калап за мафини, се печат 15-20 минути во претходно загреана рерна на 200 степени.
Важно е сувите состојки убаво да се измешаат, особено парчињата чоколадо. Во текот на мешањето ќе бидат покриени со брашно што ќе спречи да потонат на дното на калапите, а со тоа и полесно ќе се одвојуваат од хартиените корпи. Мафините пред печењето може да се посипаат со парчиња чоколадо, тоа само придонесува за нивниот богат вкус.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.