Исто така Рама бил прашан за дијалогот меѓу Србија и Косово, тој јасно и изјавил дека Србија мора да се помири со фактот дека Косово е слободна и независна држава

Објавил: Весна Петровска | 13 мај, 2019 17:26

Рама сонува за регион без граници

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

За српската телевизија „Тв Пинк“, Еди Рама изјави дека Албанците од Албанија и Албанците од Косово се браќа кои живеат во две различни земји и тие треба да се обединат. Исто така тој посакува да се случи регион без граници меѓу Косово, Албанија, Македонија, Србија и Црна Гора.

– Не сакам да имаме граница со Србија, Косово, Македонија или Црна Гора. Треба да сите да работиме за тоа да се случи – истакнал Рама.

Исто така Рама бил прашан за дијалогот меѓу Србија и Косово, тој јасно и изјавил дека Србија мора да се помири со фактот дека Косово е слободна и независна држава.

Еди Рама е албански политичар, уметник и писател, кој од 2013 е премиер на Република Албанија.

Рама е лидер на Социјалистичката партија на Албанија од 2005. Тој бил министер за култура и спорт во владата на премиерот Фатос Нано (1998–2000), а во три последователни мандати бил и градоначалник на Тирана (2000–2011). На парламентарните избори во 2013, неговата партија остварила победа врз Демократска партија на Албанија на премиерот Сали Бериша. Рама е добитник на наградата за светски граддоначалник во 2004 година, а според Тајмс, тој бил еден од најзначајните европски политичари во 2005. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.