Пратеничката група на осуммината одметнати пратеници од ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата по средбата со Заев поддржаа национално помирување но молчеа за законот за амнестија

Објавил: Мартин Попоски | 30 октомври, 2018 7:49

Рамчиловиќ соопшти дека ќе го поддржат Талат Џафери

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Рамчиловиќ кој откако Канческа Милевска стана координатор, е неформален портпарол на новата пратеничка група, најави поддршка за Талат Џафери за националено обединување, но не го искоментира нацрт Законот за амнестија.

Пратеникот Зекир Рамчиловиќ од Здружението за културно обединување на Бошњаците од Македонија (АВАЗ) по средбата со премиерот Зоран Заев рече дека предлозите на осумтемина независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во најголем дел се прифатливи.

Се разговараше и за координативното тело за национално помирување. Со премиерот констатиравме дека тоа е најдобро решение за обединување. Деновиве ќе испратиме барање до Џафери за негово формирање. – рече Рамчиловиќ.

Тој додаде дека секоја иницијатива е добредојдена.

За координативното тело сите предлози се добредојдени и со тоа да се дадат најдобри решенија. Ние ќе работиме транспарентно. Сите ќе бидат поканети. Се надеваме дека сите ќе земат учество, дека ќе го разберат ова. – рече Рамчиловиќ.

Тој додаде дека се уште не е одлучено кој ќе биде координатор на новата пратеничка група. По неговата изјава за координатор е промовирана Канческа Милевска.

Како што рече, Рамчиловиќ АВАЗ останува на ставот дека референдумот не е успешен, но тој сепак ќе гласа за уставни измени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести