Др. Ангелеска: Придавката глупав според речникот на македонскиот јазик се однесува на некого со ограничени умствени способности, заостанат (англ. stupid) или на нешто што е бесмислено (англ.senseless).

Објавил: Рејхан Бајрами | 15 февруари, 2020 8:54

РАШЕЛА МИЗРАХИ ВЕ ПОБЕДИ И МОРАЛНО И ЧОВЕЧКИ

Фото/Текст извор: ©Магазин

Професорката Најчевска пред некој ден: “Овие се глупи од раѓање или научиле да бидат глупи или мислат дека сите околу нив се глупи?”

Ова е обидот да постави прашање , при тоа заплеткувајќи се во досега веќе неколкупати потврдената сопствена стапица, од која само таа излегува губитничка загушена во сопствениот отров на омраза и нетолерантност.

Како прво,  прашањето што го поставува не е прашање туку реторика на еден заробен ум, кој единствено што прави е себепрофилирање, а никако не може разумно да биде аплицирано на оние на кои Најчевска го адресира  – не на Рашела Мизрахи.
Но,  нејсе, факт е дека правењето и постоењето се всушност зборовите и делата, факт е дека Најчевска и Тричковски се дефинитивно добри примери на родовата избалансираност кога станува збор и за светоглед и за став и за заробеноста или затруеноста на умот. Ја имаме доволно и не познава родови граници, отровот е доволно силен- и женскиот и машкиот.

Придавката глупав според речникот на македонскиот јазик се однесува на некого со ограничени умствени способности, заостанат (англ. stupid) или на нешто што е бесмислено (англ.senseless).

Оттаму сум сигурна, за жал како многу пати досега, Најчевска во напливот на својот бес само несреќно ја одбрала придавката, зашто сум убедена дека не е со ограничени умствени способности – напротив е интелектуално супериорна, но бесмисленоста е токму во отсуството на оправданоста интелектуалната супериорност да биде искористена против самата себе и на крајот да заврши со еден глупав текст – ФБ статус, кој што токму нејзе, Најчевска, ја доведува во една крајно бесмислена – глупава позиција.
Убедена сум, дека задолжително во ова лудило сите без исклучок и жените и мажите, сите заедно треба да зборуваме со аргументи, а не само со голи квалификативи. Убедена сум, исто така, дека на крајот на краиштата и квалификативите што сите ние ги делиме, треба да произлегуваат од направеното или ненаправеното, особено кога се во прашање учесници во јавниот и политичкиот живот, а уште повеќе кога се носители на функции кои непосредно влијаат на квалитетот на животот на граѓаните. Овој галиматијас се продлабочува секојдневно и тие што од позиција на власт зборуваат за фер и демократски избори од позиција на власт се истите кои насилно демонстрираат непочитување и газење на основното човечко достоинство, ги притиснаа граѓаните во канџите на хибридниот режим што го практикуваат буквално со боксерски ракавици.

Така, на крајот прво губитник е Македонија, губитници се граѓаните, кога ништо не почитувате, кога еден пример на министерка разрешувате, зашто Ве порази со својата отвореност, работливост и проникливост. Вие, од власта во заминување, се може да се договорите, можете и да објавите дека сте одлучиле да населиме во Македонија африканци или пингвини или што и да е, но не можете да скриете, дека ги оставивте без искрена помош и поддршка децата, болните, најсиромашните, за кои токму Мила Царовска и Вие господо, во три години ништо не сторивте.
Не е чудно, во ова време на заминување да правите преседани, да одите на мускули да ги врвите вашите ступидни одлуки.

Рашела Мизрахи, еврејка, македонка, мајка, жена – научник, Ве порази со својот пример, ја порази Вашата ароганција, неспособност, незнаење, неработење. Ги порази Вашите политики, кои се и антинародни, антидржавни, нехумани, непринципиелни и губитнички!

Со тоа, Вие господо од власта, не сте ништо поразлични и побесмислени од Најчевска и Тричковски.

Со тоа, не ја разрешивте Рашела Мизрахи, туку страшно се поразивте уште пред 12 април, човечки и морално.

Пишува: д-р Анита Ангелевска

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...