„Му дадовме 72 часа на Реџепи да ја ослободи ИВЗ. Како што си дал оставка, така да ја ослободи зградата на ИВЗ, во спротивно ние ќе објавиме страшни докази, а во нив има тешки кривични дела сторени од него“, вели Бузаку.

Објавил: Весна Петровска | 3 октомври, 2019 13:49

Реџепи за ултиматумот на Базуку: Нема место за “гејци“ во ИВЗ

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Пред седиштето нa Исламската верска заедница (ИВЗ), Скендер Бузаку, кој е претендент за поглавар, му постави ултиматум на актуелниот поглаварот Сулејман Реџепи до петок да го напушти седиштето на верската заедница, а доколку не го стори тоа, најави дека ќе објави страшни докази против него.

Бузаку потенцира дека доказите ќе покажат оти Реџепи правел тешки кривични дела додека бил на чело на ИВЗ. Пред седиштето на ИВЗ беше присутна и полицијата.

„Му дадовме 72 часа на Реџепи да ја ослободи ИВЗ. Како што си дал оставка, така да ја ослободи зградата на ИВЗ, во спротивно ние ќе објавиме страшни докази, а во нив има тешки кривични дела сторени од него“, вели Бузаку.

Бузаку упати порака до Реџепи да ги врати на работа сите оџи, професори, свештеници, кои ги исфрлил изминатите години. На другите, кои сè уште се вработени, им порача дека нема да го изгубат работното место.

По ултиматумот од 72 часа Реџепи не остана рамнодушен и упати порака до Бузаку.

Кој сака ултиматум нека дојде кај мене порача поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи по заканите од Скендер Бузаку.

По доделувањето на Халал сертификатите поглаварот Реџепи не сакаше да даде изјава и гласно порача за “гејци“ нема место во ИВЗ.

„Овде сме да доделиме халал сертификати, со геј не се занимавам. Гејците подалеку од ИВЗ! “ порача Реџепи по што го испрати Муарем Вејсели кој во име на ИВЗ порача дека се луѓе кои сносат одговорност а не луѓе од улица.

„И криминалот на специјалниот јавниот обвинител се докажувал во одредена постапка согласно законот. Институциите се тука и ние сме тука,се што некој има за криминал да пријави во полицијата и обвинителството. Ние сме тука за се што сме работеле и се што ќе работиме. “

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.