Актерката и граѓанска активистка Ирена Ристиќ масовно ја користи моќта на социјалните мрежи да ги "мотивира" градоначалниците за почисто Скопје

Објавил: Мирко Бачиќ | 27 август, 2018 8:40

Ристиќ: “За ваква ли координација зборевме Саша?!”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ирена Ристиќ актерка и граѓански активист под паролата “Не биди ѓубре” деновиве спроведува акции на расчистување на отпадот низ општина Центар за што добила и ветување од градоначалникот на Центар дека и општината ќе помогне.

Но тоа не се случи на акцијата кај Универзална Сала па Ристиќ во за нејзе препознатлив стил на социјалните мрежи го праша “Саша” каде им е координацијата?

Само да констатираме дека некој не си го исполнил ветувањето пишува актерката Ирена Ристиќ на својот Фејсбук профил споделувајќи фотографии од просторот пред Универзалната сала кој го исчистија граѓани,наместо општина Центар.

“Универзална, во моментов!

Не знам само како не ви е срам, прво да се доведете во ситуација граѓани да вршат работа за која секако месечно одвојуваат средства за да ја правите вие и вашите служби, господа од градската власт?

Не знам само како не ви е жал за повозрасниот господин кој се пикаше под ова чудо во распаѓање за да откорне плевел?

Не знам како си дозволувате луксуз да го попречувате правилното воспитување на децата кои вчера беа со своите родители и на лице место учеа што е еколошка свест и општествена одговорност!

За ваква ли координација зборевме, Саша?!

*не го пишувам статусов за да се отвори фронт во кој ќе се натегаме! Туку, едноставно да се потсетиме на ветеното и на паролата “Не биди ѓубре”.

По реакцијата на Ристиќ откако граѓаните за завршија акцијата службите на општината само поминаа и ги собраа кесите со отпад.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.