Канцеларијата за имиграција на Унгарија нема да ја објави својата одлука, таа ќе му биде соопштена лично на Никола Груевски и на Комесаријатот за бегалци на Обединетите нации

Објавил: Мирко Бачиќ | 20 ноември, 2018 14:55

Ројтерс: Груевски доби азил во Унгарија!

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Груевски доби азил во Унгарија!

Веста како ексклузивна ја пренесе агенцијата Ројтерс повикувајќи се на унгарски медиуми блиски до власта.

Медиумот, без да ги именува своите извори, открива дека унгарската канцеларија за имиграција и азил утврдила дека се исполнети законските услови за доделување на барање за азил.

Според текст објавен на унгарскиот портал Тајмс:

Канцеларијата за имиграција дошла до заклучок дека враќањето на Груевски во неговата земја ќе биде предмет на прогон на власта во неговата земја, поради неговото политичко минато и мислење и обвинувањата од новата влада.

Ексклузивната информација на Унгарски тајмс, ја пренесуваат сите унгарски медиуми, меѓутоа тие потенцираат и оти ваквата информацијата ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат од Канцеларијата за имиграција.

Во образложението стои дека оттаму можат да му дадат таква информација само на засегнатото лице, во случајот Груевски, и на Комесаријатот за бегалци на Обединетите нации.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.