Продолжува непријателството помеѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед

Објавил: admin@magazin | 22 март, 2019 11:02

Руни: Ако Ливерпул стане шампион, тоа ќе биде кошмар

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Непријателството меѓу навивачите на Ливерпул и Манчестер Јунајтед е познато, а една од легендите на „црвените ѓаволи“ – Вејн Руни призна дека искрено се надева дека тимот од Мерсисајд нема да успее да ја освои титулата во Англија.

– Се надевам дека Манчестер Сити ќе стане шампион. Јас не би сакал поддржувачите на Ливерпул да слават. Ова е најлош кошмар за секој фан на Евертон. Се сеќавам дека Ливерпул ја освои Лигата на шампионите во 2005 година. Нивните обожаватели уште зборуваат за тоа! Ако триумфираат со титулата во Премиер лигата, нема да престанат да зборуваат за тоа барем 10-15 години, искрен беше Руни во етерот на радио „Талк Спорт“.

Поранешниот англиски репрезентативец, кој во моментов игра за Ди Си Јунајтед во САД, исто така, зборуваше дали е реално за Пол Погба да ја продолжи својата кариера од другата страна на Океанот.

– Многу фудбалери можеа да дојдат во МЛС и да бидат успешни. Вклучувајќи ги и моите поранешни соиграчи Пол Погба и Маркус Рашфорд. Знам дека Погба сака да дојде во САД, а една од причините е тоа што неговиот брат игра овде. Ако некогаш дојде до таков трансфер, тој ќе биде профитабилен за сите, рече уште Руни.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Репрезентативците на Марково се вистинско изненадување на ова првенство. За потсетување, тие со својата пожртвувана игра претходно во осминафиналето успеаја да ја елиминираат репрезентацијата на Шпанија.


Фото: EPA-EFE/Ali Haider
Напаѓачот и најголема ѕвезда на Португалците, Кристијано Роналдо и овој меч го започна на клупата за резервни играчи. Во игра влезе во 51. Минута, кога селекторот на Португалија реши да го стави на местото на Рубен Невеш.

Португалија имаше доволно време да израмни, напаѓаше силно, но не успеа да ја затресе мрежата на одличниот голман на Мароканците, Боно.


Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski
Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот од вториот денешен четвртфинален натпревар на Светското првенство во Катар што ќе го играат репрезентациите на Франција и Англија.

Вчера во драматични натпревари, со пресврти за пласман во полуфиналето се изборија репрезентациите на Хрватска и Аргентина кои се првата полуфинална двојка.

Мароко испиша историја: Ја победи Португалија и оди во полуфинале на Светското првенство во Катар

Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот во вториот денешен четвртфинален...

Триумфот го донесе Александар Трајковски. Милевски емотивно заедно со останатите играчи го прослави големиот успех, а има и две причини за радост. Првата е секако победата над Италија, а втората е дека денес (25 март) му е роденден!

Благоја Милевски е роден во 1971 година во Скопје. Полни 51 година, баш заедно со победата над Италија. Селекторе, среќен нека е и само успеси со Македонија!

МАКЕДОНИЈА НАПРАВИ СВЕТСКО ЧУДО: Ја победи Италија на нејзин терен и обезбеди финален бараж за Мундијал!

Македонија ги елиминира европскиот првак Италија среде Палермо и дојде само на еден...