Украинците кои можеа да избегаат, заминаа во соседните земји Полска, Романија, Словачка и на други места. Агенцијата за бегалци на Обединетите нации процени дека до јули бројот на бегалци може да се зголеми на 4 милиони.

Објавил: Перо Милчин | 6 март, 2022 9:52

Руската инвазија влегува во 11 ден, скоро 1,5 милиони украински бегалци

Фото/Текст извор: ©r.s evropa

Бројот на бегалци кои бегаат од војната во Украина се очекуваше до денеска да достигне 1,5 милиони, бидејќи руската инвазија на Украина влезе во својот 11-ти ден со „жестоки“ борби кои се водат во многу делови од земјата.

Украинците кои можеа да избегаат, заминаа во соседните земји Полска, Романија, Словачка и на други места.

Агенцијата за бегалци на Обединетите нации процени дека до јули бројот на бегалци може да се зголеми на 4 милиони.

За време на посетата на украинските бегалци на полската граница во текот на викендов, американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека Вашингтон бара 2,75 милијарди долари за хуманитарната криза што се развива.

Тоа се случува во услови кога украинската војска денеска соопшти дека е вклучена во „жестоки битки“ со руските сили за контрола на границите во јужниот град Миколаев и Чернихив на северот од земјата.

„Главните напори се фокусирани на одбраната на градот Мариупол“, соопшти војската на Фејсбук. Во објавата се додава дека операција на украинските сили била во тек и во регионот на Доњецк.

Мариупол со денови е под опсада и без струја, храна и вода. Откако Русија прогласи прекин на огнот за отворање на хуманитарен коридор, локалните власти соопштија дека населението од 450.000 може да почне да го напушта градот со автобуси и приватни автомобили.

Но, евакуацијата е одложена, а официјалните лица рекоа дека „руската страна не се придржува до прекинот на огнот и продолжува да го гранатира и самиот Мариупол и неговата околина“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.