Како тој ќе ја поправи неговата комуникација? Можеби ќе го апдејтира својот телефон. Нема потреба да ја подобрува комуникацијата туку мозокот, вели во реакцијата до својата жртва еден од руските „пранкери“ Владимир Кузенцов (Вован)

Објавил: Весна Петровска | 10 јули, 2019 19:10

Рускиот комичар до Заев: Со мозокот имаш проблем

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Рускиот комичар по прес конференцијата на Зоран Заев се огласи за „Комсомољскаја правда“ го прашува Заев како планира да ја подобри безбедноста во комуникацијата.

Како тој ќе ја поправи неговата комуникација? Можеби ќе го апдејтира својот телефон. Нема потреба да ја подобрува комуникацијата туку мозокот, вели во реакцијата до својата жртва еден од руските „пранкери“ Владимир Кузенцов (Вован)

За потсетување, Заев денеска одржа прес конференција, а пред тоа се огласи и на Фејсбук.

– Објавените разговори од страна на измамниците се алатки и тактики за медиумска дискредитација и за нанесување штета на нашите стратешки интереси, како што е членството во НАТО. Во нив се потврдуваат моите ставови кои постојано ги застапувам во јавноста, кога се во прашање интересите на државата и ги покажуваат заложбата и посветеноста на стратешките определби на нашата земја. Во наредниот период Владата ќе излезе со итен план за одлучна акција против оваа специјална акција за ширење дезинформации, напиша денеска Заев.

На прес конференција премиерот Заев призна дека бил жртва на измама и ја призна автентичноста на снимката.

– За жал и јас станав еден од оние кои беа измамени во добро организирана структура,најчесто насочени против личности и земји со евроатлански аспирации.

Сепак не сум единствен, на ист начин измамени се Макрон, Борис Џонсон, Елтон Џон и Ердоган, листата покажува дека сум во добро друштво.

Испочитувани се сите протоколи пред да се воспостави комуникацијата“ рече Заев .

Заев истакна дека жали што ги објавил телефонските броеви на Вес Мичел и останатите државници, но подвлече дека не планира да поднесе оставка, бидејќи според него во случајот не се работи за издавање на државна тајна

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.