Од ноември лани, до април годинава, првоосомничениот влијаел преку јавен обвинител да се олесни кривичниот прогон кон одредено лице за кое се водело посттапка.

Објавил: Перо Милчин | 15 јули, 2019 17:06

РУСКОСКА: „Осомничениот нелегално земените пари ги користел за лични задоволства, одмори, облека”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

На денешната прес конференција обвинителката Вилма Рускоска, рече дека лицата се сомничат дека сториле кривично дело Примање награда на незаконит начин, за кое се собрани повеќе вербални и материјални докази.

Обвинителката Вилма Рускоска, на прес-конференцијата заедно со јавниот обвинител Љубомир Јовески, изјавија дека од ноември лани, до април годинава, првоосомничениот влијаел преку јавен обвинител да се олесни кривичниот прогон кон одредено лице за кое се водело постапка.

На обвинетото лице како што соопшти Рускоска, му помогнале во неколку наврати примиле еден и пол милиони евра како поткуп.

За да продолжат да му помагаат било договорено да примат уште 5 милиони евра како награда. Откако се посомневале дека средбите со него може да бидат компромитирани, веќе не се сретнувале.

Уапсените Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец се осомничени бидејќи зеле 1,5 милиони евра за преку јавен обвинител врз кој имале влијание да ја олеснат положбата на лице кое е под истрага.

Оставката на Катица Јанева е личен чин и не би коментирал. Ова го изјави јавниот обвинител Љубомир Јовески, на прашање од новинарите како ја коментира оставката на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Јанева денеска си поднесе неотповиклива оставка која како што рече, ќе стане активна кога политичките партии ќе се усогласат за новиот закон и ќе го изберат нејзиниот наследник.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.