Директорот на бирото за југоисточна Европа при американскиот Стејт департмент на гости

Објавил: Мирко Бачиќ | 31 јули, 2018 11:17

САД го праќаат Метрју Палмер да го “помине” Референдумот?!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Високиот претставник на Стејт департментот – Метју Палмер кој е Директор на бирото за прашања за земјите од југоисточна Европа во Република Македонија пристига во среда.

Информацијата официјално е потврдена само од дипломатски извори. 

Се очекува Палмер во Македонија да се обиде да помогне при изнаоѓање решение за политичката криза околу Референдумот за Договорот со Грција.

Како што се говори едно од прашањата што треба да се разгледаат е и опцијата власта да предложи ново референдумско прашање – различно од тоа што веќе го изгласа законодавниот дом што е спротивно со Деловникот за работа на парламентот – Уставот на Македонија и Законот за Референдум.

Со оваа дипломатска акција САД и западните партнери бараат начин да се намали можноста од бојкот кој е речиси извесен со форма на нов политички договор.

Палмер своевремено бил соработник на поранешниот државен секретар Медлин Олбрајт и советник на поранешниот претседател Џорџ Буш – помладиот. Извесен период од својата кариера последните години поминал и како советник во амбасадата на САД во Белград.

На високата фукнцијата во Стејт департментот Палмер е именуван во август 2016 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.