Откако беа на работ од дипломатска катастрофа, САД и Куба решија да се состанат и да ја разрешат дилемата за каква мистериозна болест се работи кај дипломатите на САД

Објавил: Мирко Бачиќ | 13 септември, 2018 10:28

САД и Куба бараат одговор за мистериозната болест на дипломатите

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Американски и кубански официјални претставници ќе се состанат во Вашингтон за да утврдат од каква мистериозна болест заболуваат американските дипломати во Куба.

Двете страни ќе настојуваат да го одредат методот и мотивот зад овие т.н. здравствени напади, кои започнаа пред речиси две години и погодија повеќе од 20 дипломати.

Агенцијата за национална безбедност на САД и членови на Конгресот веќе долго време се вознемирени поради недостатокот на одговори во врска со овие настани.

Состанокот се одржува во екот на бројни извештаи кои укажуваат на тоа дека иследниците ги смалиле сомнежите за виновникот и причината зад тие настани. Стејт департментот ги негираше овие извештаи, но многумина се сoмневаат дека само се обидува да го намали нивното значење.

Куба не спори дека дипломатите имаат симптоми, но вели дека нема докази во прилог на американските тврдења дека тие биле предизвикани со планирани напади на кубанска територија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.