Собранието на Република Српска побара од владата да не го прифаќа извештајот и побара нови комисии кои ќе формираат нов документ

Објавил: Мирко Бачиќ | 16 август, 2018 11:17

САД: “Собранието на Република Српска сака да ја ревидира историјата”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Со отфрлањето на Извештајот на Комисијата за Сребреница Народното собрание на Република Српска се обидува да ја ревидира историјата што претставува чекор во погрешен правец оцени американскиот Стејт департмент.

“Меѓународните судови заклучија дека во Сребреница во 1995-та година се случил геноцид. Владата на Република Српска во 2004-та година усвои Извештај за Сребреници и тоа беше значаен чекор кон помирување во Босна и Херцеговина и кон соочување со фактите од минатото.” – соопшти Стејт департментот.

Меѓутоа со отфрлањето и со обидите за дополнување на Извештајот дел од институците во Република Српска се обидуваат да ги ревидираат фактите од минатите војни да ја негираат историјата и да ја политизираат трагедијата смета Стејт департментот.

Во соопштението се оценува дека “трендот на почитување на осудените воени злосторници како херои” и отфрлањето на нивните злосторства нема да им помогне на граѓаните на Република Српска и и оти тоа не е во нивни интерес.

“Страшната војна што се сличи во 90-те години не потсетува дека мораме да тежнееме кон стабилна и просперитетна иднина во интерс на сите граѓани без разлика на етничката или верската припадност.” – се наведува во реакцијата на Стејт департментот.

Собранието на Република Српска во вторникот го отфрли Извештајот на Комисијата за настаните во и околу Сребреница во јули 1995-та година и побара од Владата овој документ од 2004-та година да го стави вон сила како и да формира “две независни меѓународни комисии за утврдување на вистината за страдањето на сите народи на подрачјето на реонот на Сребреница и за страдањето на Србите во Сараево”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.