Овие пари ќе бидат наменети за набавка на оружје, како дел од „ERIP“-програмата за замена на борбените системи од Советскиот Сојуз со оружје од западно потекло.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 јуни, 2019 20:18

МАКЕДОНИЈА НЕМА ЗИМА: САД со 25 милиони долари помош за АРМ!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

110 милиони долари помош, одобрија САД, за четири земји од Западен Балкан.

Овие пари ќе бидат наменети за набавка на оружје, како дел од „ERIP“-програмата за замена на борбените системи од Советскиот Сојуз со оружје од западно потекло.

Можно е да се купат нови борбени возила на пешадијата од американско потекло, со што значително ќе се зголемат оперативните способности на Армијата на Северна Македонија

Порталот Балканска безбедносна мрежа, објави дека набавката на борбени возила на Северна Македонија и Хрватска ќе бидат обезбедени делумно од Пентагон кој воедно ќе финансира и за повеќенаменски хеликоптери за Вооружените сили на Босна и Херцеговина и Албанија.

Покрај Северна Македонија, Албанија, Хрватска и БиХ кои имаат добиено 110 милиони долари, со програмата ERIP (European Recapitalization Incentive Program) покрената од страна на Владата на САД во 2017, опфатени се и Грција со 25 милиони и Словачка со 50 милиони долари.

Како што наведува истражувачкиот тим на Балканската безбедносна мрежа,  за ралика од наведените земји, во најдобра ситуација со програмата ERIP е Северна Македонија, која за замена на 22 борбени возила со гасеници (11 БМП-2 и 11 МТ-ЛБ) има добиено 25 милиони долари.

„25-те милиони долари не се доволни за замена, но можно е преку донација на користени „Bredli“ или „M113“ да се направи најнапредната достапна модернизација. Исто така, можно е да се купат нови борбени возила на пешадијата од американско потекло, со што значително ќе се зголемат оперативните способности на Армијата на Северна Македонија“, наведуваат од Балканска безбедносна мрежа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести