Војникот кој ја извршувал својата должност, односно бил на стража, а во 2 часот и 53 минути забележал како едно лице сака насилно да влезе касарната.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 април, 2019 11:23

Сакал насилно да влезе во касарната „Гоце Делчев“ па заврши со куршум во ногата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вистинска драма се случувала ноќеска пред касарната „Гоце Делчев“ во Скопје. Имено едно лице е повредено при обид за спречување насилен влез во касарната. Станува збор за засега непознато лице кое насилно сакало да влезе во касарната при што војникот кој бил на стража морал да делува согласно процедурите.

Војникот повеќе пати вербално го предупредил лицето, но откако се оглушило на предупредувањата, стражарот испукал два предупредувачки истрела во воздух.

Војникот кој ја извршувал својата должност, односно бил на стража, а во 2 часот и 53 минути забележал како едно лице сака насилно да влезе касарната. Тој постапил според пропишаните процедури и постапки, и се обидел да спречи обид за насилен влез во кругот на касарната „Гоце Делчев“ во Скопје, информира Министерството за одбрана. 

Како што соопштуваат од таму војникот повеќе пати се обидел вербално да го предупреди лицето, но откако не го послушало, војникот кој неколку пати со мирен тон го предупредил , сепак стражарот испукал два предупредувачки истрела во воздух, од кои за жал едниот завршил во ногата на непознатото лице.

-Лицето и понатаму се оглушувало на предупредувањата при што со еден од истрелите бил погоден во петицата на десната нога. Согласно процедурите му била пружена прва помош и бил транспортиран во болница. Веднаш се известени надлежните истражни органи, соопшти Министерството за одбрана.

Воена полиција, МВР и јавен обвинител веднап излегле на местото на настанот. Сите релевантни информации и докази за настанот се предадени на надлежните органи кои работат на расчистување на случајот. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.