Поранешниот прв кадровник на ВМРО - ДПМНЕ, Мартин Протоѓер според Кривичниот Суд нема кривично да се гони за процесот "Талир" поради апсолутна застареност на делото

Објавил: Мартин Попоски | 9 декември, 2018 6:15

Само Протоѓер се спаси од кривичен прогон за „Талир“

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Поранешниот шеф на кабинетот на поранешниот премиерот Никола Груевски, и поранешен генерален секретар на ВМРО – ДПМНЕ, Мартин Протоѓер, се спаси од кривичен прогон во предметот „Талир“.

Од обвинението кое е доставено до кривичниот суд во Скопје се дознава дека за него кривичното дело има апсолутна застареност и не може кривично да се гони.

Протоѓер во периодот од 2009 до 2012 година, како овластен потписник на редовната жиро-сметка на партијата, иако не смеел, пуштал во натамошен оптек пари кои биле уплаќани од фалш ПП10 уплатници, како донации и членарини.

Мартин Протоѓер, за кого гонењето е застарено, иако бил должен и можел да знае дека парите потекнуваат од кривично дело, како овластен потписник на редовната жиро-сметка на обвинетото правно лице – политичката партија ВМРО – ДПМНЕ со потпишување на налози, паричните средства кои потекнувале од кривично дело во вкупен износ од 20.550.000 денари ги пуштил во натамошен оптек. – пишува во дел од обвинението.

Протоѓер е обвинет во предметот „Титаник“ за злосторничко здружување, злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања и повреда на слободата на определување на избирачите.

Досега во кривичниот суд за „Талир“ од адвокатите на обвинетите стигнале 5 приговори за двете обвиненија.

СЈО само за едниот предмет има над 350 страници доказен материјал. Штом помине законскиот рок од 8 дена откако сите обвинети ќе добијат доставница дека примиле обвинение, тројца судии од скопска единица ќе треба да го оценат обвинението, по што треба да биде закажано првото судско рочиште.

СЈО поднесе две обвиненија за случајот „Талир“.

Едното обвинение е за нелегално финансирање на ВМРО – ДПМНЕ, а другото за незаконската изградба на седиштето на партијата. од сите 69 имотни листови, кои сега се под мраз од кои се гледа дека партијата располага со делови од 90 куќи, 21 дуќан, 26 стана, 17 градежни земјишта, 15 деловни простории, 36 земјишта под зграда, 7 дворови, една нива, односно над 30 илјади квадратни метри имот во 28 града во земјата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.