ВМРО - ДПМНЕ ценат дека со национално помирување без целосна амнестија само ќе се реализира селективна правда која ќе премине во уцена за поддршка за уставни измени

Објавил: Мартин Попоски | 28 октомври, 2018 7:35

СДСМ го отфрла Законот за амнестија, бара поддрша за уставни измени

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

ВМРО – ДПМНЕ најави дека законот за амнестија на сите учесници во настаните од 27 април ќе го поднесе по скратена постапка и дека тој како правна форма е начинот како би се реализирала правдата во целост.

Но и пред тој да дојде во рацете на пратениците од мнозинството, СДСМ експресно го отфрли.

Од СДСМ сметаат дека собраниската комисија за помирување е доволна, додека од ВМРО – ДПМНЕ ценат дека тоа е само уште една алатка за уцени кон пратениците и делење селективна правда.

Закон за амнестија позициската партија в понеделник ќе го достави во Собранието.

Со негово неприфаќање по брза постапка да биде спроведен, власта само ќе покаже дека е за една селективна правда во насока на она што се нарекува уцена на дел од пратениците, кои што спротивно од сопствена волја, со самота тоа што се обвинети, осудени не може да донесат одлука по сопствена волја за едно вакво прашање како што се уставните измени. – изјави портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Од СДСМ се децидни дека може да има само помирување, но не и амнестија.

Предлогот на антизападното раководство на ВМРО – ДПМНЕ е буквално брутален упад во правосудството. Како одговорна и државотворна партија се водиме да го почитуваме принципот на правна држава и во таа насока може да зборуваме за подавање рака, може да зборуваме за помирување, но никако не може да зборуваме за амнестија, која што де факто значи упад во правосудниот систем. –  одговори Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ на новинарско прашање каква ќе биде позицијата на пратеничката група на социјалдемократите за законот за амнестија што ВМРО – ДПМНЕ ќе го поднесе по скратена постапка.

Соочени со нова политичка криза, политичарите на совети од академската јавност посочуваат дека само вклученост на претседателот Иванов во целиот процес за национално помирување и целосна амнестија, би имале правна и политичка тежина на процесот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.