СДСМ и напредокот во интеграцискиот процес позитивно влијаат врз економијата

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 март, 2019 10:34

СДСМ: На добар пат сме, успешно ја водиме економската политика

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

По обвинувањата од опозициската ВМРО ДПМНЕ, дека владеачката партија ја води државата во пропаст, односно дека се намарени платите, пензиите не претрпеле никаква промена, СДСМ излезе со соопштение до јавноста, дека се на добар пат, а најмалку пет показатели ја потврдуваат успешноста на економските политики.

Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ и напредокот во интеграцискиот процес позитивно влијаат врз економијата.

Потврда за тоа се најмалку пет клучни економски параметри. 

1. Бруто домашниот производ во последниот квартал од 2018 година бележи раст од 3,7 отсто.

2. Вратена е довербата во економијата а доказ за тоа е рекордниот износ на странски инвестиции од 624,5 милиони евра во 2018 година.

3. Растот на индустриското производство во 2018 е највисок во последните седум години и изнесува 5,4 отсто.

4. Во декември 2018 година забележан е најголем раст на просечната плата од 8.1 процент. 

5. За наполни две години стапката на невработеност е намалена, а само во минатата година отворени се над 26.000 нови работни места.

Заклучокот е дека работите се движат во добар правец. Важно е напредокот да продолжи. Тоа значи повеќе пари кај граѓаните, поголеми инветиции, нови работни места и подобар животен стандард, стои во соопштението на СДСМ.

Според податоците на НБРМ бруто надворешниот долг на крајот на третиот квартал од 2018 година изнесува 8,4 милијарди евра или 80 отсто од БДП. Во споредба со претходниот квартал е намален за 26 милиони евра. Во споредба со крајот на 2017 бруто надворешниот долг е повисок за 1 милијарда евра при истовремено,зголемување на јавниот и на приватниот надворешн долг, покажуваат одатоците на НБРМ.

Инаку претходно од опозициската партија излегоа соопштение дека платите во нашата држава се најниски во регионот,даноците се зголемуваат, трошоците за живот исто така, а стандардот опаѓа.

Како живеат граѓаните говорат бројките од 500.000 сиромашни граѓани, 70% од граѓаните земаат помала плата од просечната, а повеќе 140.000 млади живеат во сиромаштија, освен децата на функционерите од СДСМ кои земаат натпросечни плати. Додека економиите во Европа и регионот забрзано растат, Македонија има мизерни 2,05% БДП  кои се многу далеку од ветените 5 или 7%  кои Заев толку многу ги ветуваше,стои во соопштението на ВМРО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.