Според Клековски, СДСМ соочена со фактот што од ВМРО - ДПМНЕ нема јасна поддршка одлучиле дека им е доволна излезеност од 700.000 гласачи или само 35% од електоратот

Објавил: Мартин Попоски | 18 септември, 2018 7:35

СДСМ ќе прогласи успешен референдум со 700 илјади излезени гласачи?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

СДСМ подготвува сценарио со кое и излезеноста под цензусот ќе ја прогласи за доволна за да го претстави референдумот за успешен?

Аналитичарот Сашо Клековски, во вечерашното свое гостување во емисијата, Топ Тема на телевизија Телма, соопшти шокантна информација, дека впрочем СДСМ ќе се обиде да го прикаже референдумот како легитимен со излезени 700 илјади гласачи што е всушност цели 203 илјади гласачи помалку од цензусот.

Проценката е дека 700 илјади гласачи ќе го легитимираат референдумот, потенцира Клековски.

Претходно тој го истакна фактот дека проблемите со исполнувањето на цензусот кој во моментов ги има власта е поради тоа што владата на СДСМ ја исклучи опозицијата од целиот процес околу договорот и референдумот.

Имено тој вели дека владата на СДСМ донесе одлука за референдумското прашање без вклученост на ВМРО – ДПМНЕ, а состојбата дополнително се испроблематизирала поради фактот што тој е консултативен, додавајќи дека историски е оксиморон со консултативен.

Ако побарам само мислење не може да биде историско, ако беше историско сите пратеници ќе гласаа за одлуката за референдум и ќе беше задолжителен, вели тој.

*Сашо Клековски над 20 години работи на раководни функции во граѓанскиот сектор иако по воакција е лекар. 

На почетокот на 90-тите ги водел и  Сојузот на студентите по медицина на Македонија и Сојузот на студентите на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”.

Во 1993 година е еден од основачите, а од 1994 година до јуни 2011 година и извршен директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).  МЦМС во основа е партиска граѓанска организација која денес одработува анализи за СДСМ.

Од 1998 до 2008 година бил застапник на Македонската развојна фондација за претпријатија. Клековси бил член на повеќе комитети во Македонија и во странство, вклучувајќи и во Управниот одбор на Транспарентност Македонија. Потпретседател е на Деловниот совет на Универзитетот Американ колеџ – Скопје.

Во периодот 2009-2010 година е прв ко-претседател на Заедничкиот консултативен комитет на граѓанското општество меѓу Европската Унија и Република Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.