ВМРО-ДПМНЕ против ваквото референдумско прашање

Објавил: admin@magazin | 30 јули, 2018 15:31

Седницата за распишување на референдум закажана во 15.30 часот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Собранието Талат Џафери за 15.30 часот ја закажа седницата за донесување на одлуката за распишување референдум, откако претходно беше поднесена Иницијативата за распишување референдум за името потпишана од пратениците од владејачкото мнозинство-СДСМ, ДУИ и БЕСА.

На оваа седница, како што се најавува, на дневен ред ќе бидат две одлуки, за распишување на референдумот и за распределување средства за таа намена.

На седницата иако не ја поддржаа иницијативата ќе присуствува и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ која најави дека ќе го образложи својот став зошто се против ваквата одлука и референдумско прашање и ќе побара од парламентарното мнозинство да се откаже од ставовите за референдумот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.