– Се надевам дека ова е почеток на трајна соработка помеѓу Монако и „Бет Сити“ и имаме за цел да ги здружиме нашите сили за да придонесеме за развој и унапредување на фудбалот во двете земји.

Објавил: Перо Милчин | 14 септември, 2019 12:53

Сергеј Самсоненко постана официјален спонзор на францускиот прволигаш МОНАКО!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Компанијата на рускиот милијардер Сергеј Самсоненко „Бет Сити“, потпиша двегодишен договор со францускиот прволигаш Монако.

Самсоненко при потпишувањето на договорот за соработка рече дека новото партнерство ќе овозможи да се достигне новото ниво на денешниот светски фудбал.

Сопственикот на европскиот ракометен шампион и на фудбалскиот клуб Вардар, рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко ќе биде спонзор на францускиот прволигаш Монако, пишува Слободен печат.

Неговата компанија за обложување „Бет Сити“ потпиша двегодишен договор со Монако. Сергеј Самсоненко и неговите обложувалници „Бет Сити“ веќе се спонзори на рускиот тим ЦСКА Москва.

– Се надевам дека ова е почеток на трајна соработка помеѓу Монако и „Бет Сити“ и имаме за цел да ги здружиме нашите сили за да придонесеме за развој и унапредување на фудбалот во двете земји. „Бет Сити“ долго време е вклучен во развојот на рускиот фудбал, во тесна соработка со ЦСКА Москва. Новото партнерство ќе ни овозможи да го достигнеме новото ниво на денешниот светски фудбал. Се надеваме дека Монако ќе ни помогне ефикасно да ги оствариме амбициозните проекти и цели поврзани со маркетингот – истакна Самсоненко при потпишувањето на договорот за соработка.

Монако е клуб во сопственост на руски олигарх, Дмитри Риборовљев.

– Среќни сме што клубот сега го приближуваме до руските навивачи преку партнерството со „Бет Сити“, познат спонзор на ЦСКА Москва. Русија е клучен пазар за нас и убедени сме дека со оваа соработка ќе придонесеме за развој и поинаков однос со руските љубители на спортот. Ова е една возбудлива нова авантура – вели Жули Фере Надал, маркетинг директорот на Монако.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Вечерва во Скопје падна селекцијата на Швајцарија(29-28), а Филип Кузмановски по мечот изјави дека противникот беше многу мотивиран за да слави победа, но напомена дека оваа Македонија нема да му попушти никому.

Квалификации за ЕП: Македонија ја совлада Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија со победа ги запечати најуспешните квалификации...

Чиле одржуваше предност од два гола (2-4, 4-6, 5-7). Со мини серија од два гола, на Стоилов и Костески израмнивме во 16 минута на 7-7. Првиот гол Лазаров го постигна минута подоцна.

Чиле ПАДНА НА КОЛЕНА: Македонија оди во главна фаза на СП!

Македонската ракометна репрезентација го доби дуелот со Чиле со 32-29 (16-17) и обезбеди...

Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

Коронавирусот се врати во РК Вардар!

Лоша вест за РК Вардар – коронавирусот се врати во редовите на актуелниот европски...