За потсетување пред два дена во водите на акумулацијата „Турија“ кај Струмица беше пронајден човечки труп во резервоар за гориво од товарно моторно возило.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 август, 2019 0:52

Серискиот убиец од Струмимца во притвор

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По двете монструозни убиства во Струмичко, денеска заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу изјави дека серискиот убиец кој сокрил две машки тела едно по друго кои беа пронајдени во резервоарот на браната „Турија“ во Струмица е пронајден и е во притвор.

Можам да кажам пред јавноста дека идентитетот на убиецот во двата наоди во Струмица и е познат на полицијата, но чекаме официјална потврда од ДНК-прегледите и за ова убиство имаме осомничен кој е во притвор. Го знаеме мотивот како се извршени убиствата и има сличности во формата и начинот на убиствата, дури и со она што се случи пред неколку месеци на територијата на градот Струмица, изјави денеска Нухиу.

За потсетување пред два дена во водите на акумулацијата „Турија“ кај Струмица беше пронајден човечки труп во резервоар за гориво од товарно моторно возило.

Ова е втор случај во последните месец и половина на истата брана се пронајдени две тела, едното во метално буре, ова сега во резервоар за гориво. Вчера исто така беше пронајден и женски труп во црна кеса, фрлен во депонија но за сега се уште нема точни информации дали се работи за истиот осомничен.

 
 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.