Сети се на жени што ги затворавте по затвори по 6 -7 години издржуваа. Можеш и ти Миле. Посебно што си и ти грешен.

Објавил: Рејхан Бајрами | 25 јули, 2019 8:21

ЦАНОСКИ СЕ “СИТИ” НА БОЛЕСТА НА ЈАНАКИЕСКИ: “ЌЕ СИ ЛЕЖИШ МИЛЕ, ГРЕШЕН СИ – МОЖЕШ ТИ„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Директорот на ФОН, Сефер Цаноски, се огласи на социјалните мрежи поради здравствената состојба на Миле Јанакиески и го потсети Јанакиески да се сети дека во времето на владеењето на ВМРО ДПМНЕ, затворале жени по затвори кои издржувале по 7 годишна казна.

Бизнисменот Фиат Цаноски во статусот вели дека Јанакиески е грешен и дека ќе си лежи во затвор сакал или не. 

Издржи Миле срце јуначко. Сети се на жени што ги затворавте по затвори по 6 -7 години издржуваа. Можеш и ти Миле. Посебно што си и ти грешен.
Тебе те боли што тие што те тераа да грешиш се на слобода. Тоа и мене ми смета искрено. Ама грешен си Миле. Грешен си и Че Си Лежиш. Сакал или не.

Фејсбук статус на Сефер Цаноски

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески има проблеми со срцето и мора да биде опериран. Тој минатата недела имал лекарски преглед, во кој што бил дијагностициран проблем кој барал итна интервенција.

Во лекарскиот наод е наведено дека Јанакиески има вродена аномалија, каде што ѕидот на преткоморите е истенчен за 70 % и мора да се направи детално, комплицирано испитување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.