Манастирот после долги години на градба ја достигна состојбата да биде осветен. А најзаслужен за подигањето на целиот манастирски комплекс е македонската музичка легенда Тоше Проески.

Објавил: Македонка Димкин | 25 септември, 2023 16:45

Се исполни желбата на Тоше: Осветен манастирот Свето Преображение Господово во Крушево

Фото/Текст извор: ©Женски Магазин

Манастирот после долги години на градба ја достигна состојбата да биде осветен. А најзаслужен за подигањето на целиот манастирски комплекс е македонската музичка легенда Тоше Проески.

Во присуство на голем број верници од Крушево и земјава осветувањето на манастирската црква го изврши Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на повеќе Архиереи на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија

Се претпоставува дека манастирот „Свето Преображение“ во близина на Крушево е изграден помеѓу 11 и 13 век, а потоа бил изгорен. Луѓето кои работеле на неговата доизградба велат дека никој од крушевци не знаел дека на тоа место има манастир, сè до седумдесетите години од минатиот век, кога Никола Проески, татко му на Тоше, заедно со ловџиите, наишле на темелите на светиот храм.

Додека ја поминувале падината, наишле на една височинка во која било направено провизорно камарче од камења. 

Од едната страна имало стари пари, а од другата – место за палење свеќи. Никола, кој тогаш работеше во стакларницата во Крушево, направи стаклен крст и го остави како обележје на тоа свето место. 

Мештаните од село Селце ни кажуваа дека на празникот Преображение од тоа место навечер се појавува голема светлина која оди кон нивното село и кон Арилево. 

Тогаш откривме дека таму се темелите на „Свето Преображение“ – вели еден крушевец и дополнува дека според кажувањата Тоше Проески бил единственото дете на петгодишна возраст кое доаѓало кај манастирот и кое помагало.

Манастирот го доизгради Тоше Проески

Во 1986 година крушевци решиле да почнат со изградбата на манастирот. Невремето, непроодниот пат, височините, не биле пречка вљубениците во Бога и големите верници да придонесат во неговата изградба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.