четврток, 2 мај 2024

MK/ EN/ DE



Ѕид на зграда се урна откако инвеститор на соседната парцела копал темели за изградба на друг објект за кој немал дозвола

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 август, 2018 8:16

Се урна зграда во Нови Сад – станарите спасувале жива глава

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Станарите се сместени во хотел на сметка на градската управа на Нови Сад.

Полицијата и инспекцијата се на самото место за да ги утврдат причините за уривањето на надворешниот ѕид на зградата.

Инвеститорот кој ги поткопал темелите немал дозвола за градба а требало да изгради зграда со 29 станови.

Од таму тврдат дека на оштетените граѓани им понудиле превоз и времено сместување како и дека ангажирале агенција за недвижности за да им најде трајно сместување на станарите на урнатата зграда.

Среќа во несреќа е дека ниеден од станарите не е повреден иако делови од ѕидовите паѓале и врз детски креветчиња.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.