Заканувачот Гиноски со извинување

Објавил: Узунов Бобан | 21 јуни, 2019 15:06

Се јави заканувачот на Героски, сакал да го предупреди да не го нападнат вмровци

Фото/Текст извор: ©магазин

Новинарот Бранко Героски синоќа на својот фејсбук профил објави дека примил закани од лице кое за себе тврдело дека работело како обезбедување во СДСМ. Се работи за извесен Борче Гиноски, чиј фејсбук профил е јавен и може да се види дека истиот е поддржувач на СДСМ а има слики и со премиерот Зоран Заев. 

Фејсбук пораката која Героски јавно ја објави од  Борче Гиноски: Бранко малку претеруваш со изјавите, знаеш како те фарбаа со боја, гледај да не те бањаат во Вардар.,

Борче Гиноски на својот фејсбук профил објави дека се извинува на Героски и на јавноста дека сакал всушност да го заштити и предупреди да не го нападнат од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи така тие делувале. 

Се крена голема прашина за мојата порака упатена до новинарот Геровски, кого го почитувам. Сакам најпрво да се извинам и да соопштам дека не беше во таа насока кажано, ниту имав намера да се заканувам, јас сум човек што за време на режимот на Никола Груевски многу луѓе сум се обидувал да ги заштитам од насилство. Геровски е меѓу тие што беа напаѓани од поддржувачите на режимот и мојата порака беше во насока дека може токму од ВМРО-ДПМНЕ да биде нападнат, така делуваат они. Како и да е, настана недоразбирање, се извинувам лично до Геровски и до јавноста, немам намера ниту некого да напаѓам ниту да навредувам, ја почитувам работата на новинарите. Повикан сум во партијата на разговор, ова ќе го соопштам и таму, но сакам јавноста да ја знае вистината.

Фејсбук пораката која Героски јавно ја објави од  Борче Гиноски: Бранко малку претеруваш со изјавите, знаеш како те фарбаа со боја, гледај да не те бањаат во Вардар.,

Дали Героски и јавноста ќе поверуваат во овој излив на искреност на Борче Гиноски останува да видиме. 

Борче Гиновски на последните претседателски избори по предлог на СДСМ бил член на избирачки одбор во општината Ѓорче Петров на избирачко место 2581 потврдија од државната изборна комисија  за  Тв Алфа. По синоќешниот притисок како што рече Героски , поради објавување на серија текстови за наводна изнуда  и рекет тој денеска беше во штабот на СДСМ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.