Тедрос Гебрејесус, директорот на СЗО, на државите каде има голем број на заболени од КОВИД-19 им даде неколку критериуми до кои треба да се предржуваат во оној момент кога ќе помислат на прераното укинување на мерките. Имено тој повторно посочи дека најдобра заштита како и до сега е социјална дистанца и постојано миење на рацете, пренесува Фокус.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 април, 2020 9:47

СЗО со предупредување: Да не се укинуваат прерано мерките за спречување Ковид 19!

Фото/Текст извор: ©фокус

Денеска Светската здравствена организација (СЗО) упати предупредување до сите држави каде се регистрирани случаи на коронавирус да не ги укинуваат прерано мерките за заштита кои се воведени. 

Тедрос Гебрејесус, директорот на СЗО, на државите каде има голем број на заболени од КОВИД-19 им даде неколку критериуми до кои треба да се предржуваат во оној момент кога ќе помислат на прераното укинување на мерките. Имено тој повторно посочи дека најдобра заштита како и до сега е социјална дистанца и постојано миење на рацете, пренесува Фокус.

Светска здравствена организација или СЗО (англиски: World Health Organization, WHO) — посебна организација на Обединетите нации која делува како координативно тело на меѓународното јавно здравство. Седиштето и е во Женева во Швајцарија. СЗО ја основале ООН на 7 април 1948 година. Моментален (2008.) генерален директор е д-р Маргатет Чан. СЗО е наследничка на Здравствената организација (Health Organization), која била агенција на Лигата на нациите.

Првиот критериум кој Гебрејесус го постави е дека преносот на вирусот мора да биде под контрола, а вториот е дека треба да постојат капацитети на здравствениот систем за откривање, изолација и лекување на пациентите.

Третиот критериум е ризикот од зараза во болниците и старските домови да се сведе на минимум, а четвртиот дека превентивните мерки мораат да бидат во сила и во училиштата и на работните места, наведе Тедрос.

Тој истакна и дека ризикот од увоз на болеста од странство исто така треба да биде под контрола.

Инаку како една од мерките за заштита од коронавирусот во нашата земја вчера беше одлучено за престојниот празник Велигден граѓаните да бидат ставени во четиридневен карантин, кој ќе започне од петок во 16 часот до вторник 05 часот наутро. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.