Вашите татковци и мајки не се бореле за „Северна“ Македонија

Објавил: admin@magazin | 7 април, 2019 8:41

Силјановска: Во моментов има еднопартиско комунистичко собрание

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова се обрати пред граѓаните во Куманово. Пред кумановци таа истакна дека во Собранието на Република Македонија има пратеници што носат одлуки без дијалог и претходно договорени.

За студентите, професорката Силјановска Давкова е еден од најинспиративните професори. Според спроведено на повеќе факултети во рамките на Универзитетот „Кирил и Методиј„ (УКИМ), Силјановска-Давкова е еден од најинспиративните професори.За нејзе студентите велат дека е професионална, објективна и пријателски расположена.

Ние имаме еднопартиско послушно комунистичко собрание, ова не е навреда за минатото туку сакам да кажам дека без опозиција, без дијалог нема делиберативна демократија оти тоа значи расправа со аргументи. Ако 81 човек таму само чека да притисне на копчето бидејќи претходно веќе е донесена одлука тогаш тоа не е парламент“, истакна кандидатката за претседател.

Сиљановска Давкова посочи дека во меѓународното право јасно стои дека со меѓународен договор не може да се прекрши Уставот на ниту една држава, алудирајќи на Преспанскиот договор кој го склучи владата на СДСМ.

Кажа дека според неа, волјата на граѓаните на 30 септември за референдумското прашање не е испочитувана и додаде дека нашите предци не се бореле за „Северна“ Македонија.

Заборавија дека не се суверенот, туку дека ја украле волјата на суверенот и си ги усвоија уставните измени. И така пишува дека вашите татковци и мајки пишува дека се бореле за „Северна“ Македонија, додаде Силјановска Давкова во говорот во Куманово.

Таа нагласи дека сите правни акти кои не се темелат на правните норми се ништовни и лесно оспорени.
„Кога кој било акт, меѓународен ли е, домашен ли е, нема правен темел, кога не е правно втемелен, тој е правно проблематичен и нему му се заканува ништовност, оспорување и тоа по правен пат, а не со сила, бидејќи силата ја оставаме на историјата. Но ние веруваме во силата на зборот и јас ве уверувам дека тоа што го говорам го помнам, тоа што го помнам ќе го остварам“, подвлече кандидатката за претседател.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.