Гордана Силјановска Давкова, на својот Фејсбук профил во чест на Велики петок, објави дека денес е најтешкиот ден во годината

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 април, 2019 18:00

Силјановска: Денес е Велики Петок, се чувствувам како да го носам најтешкиот крст

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО, Гордана Силјановска Давкова, на својот Фејсбук профил во чест на Велики петок, објави дека денес е најтешкиот ден во годината, а таа во моментот се чувствува како да го носи најтешкиот крст.

Денес е Велики Петок или Распет Петок. Денот кога е распнат Исус Христос. Ова е најтежок ден во Страдалната седмица. Ден кога Исус невино пострадал за спасението на целиот човечки род.Секој од нас носи венец од трње и тежок крст на плеќите во оваа македонска Голгота.Јас во моментов се чувствувам како да го носам најтешкиот крст.

Силјановска на Фејсбук повика на сплотеност на граѓаните

Силјановска напиша дека по патот по кој чекори во моментов, во трката за претседател дека е постојано навредувана и ги повикува граѓаните да и помогнат да го однесе македонскиот крст за враќање на политиката во рамки на правото!

По патот сум плукана и навредувана. Од сите на кои не им одговара демократска Македонија каде има владеење на правото. Денес на Велики Петок повикувам сите да го пронајдеме во себе Симон и помогнете ми да го однесам македонскиот крст за враќање на политиката во рамки на правото! За многу години,напиша Силјановска на Фејсбук.

Таа додаде дека  во деновите кога треба да сме посветени на духовното, кликата на власт која наводно се бори против лажните вести самата лиферува лажни информации. 

Во најновата црна кампања премиерот и кандидатот за претседател со кој имаат 102,5 % исто мислење, шират лажна вест дека сум била советник на претседателот Иванов. Кога веќе сами се вплеткаа во лажните вести очекувам веднаш пред јавноста да дадат докази за нивното тврдење.Очекувам докази или извинување до целата јавност која најдобро знае кој манипулира, а кој стои на зборот изјави Силјановска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.