Силјановска со моќно видео ги повика граѓаните да гласаат за неа.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 април, 2019 19:10

Силјановска ја започна кампањата со моќно видео пред својата родна куќа во Охрид

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Гордана Силјановска Давкова, кандидатката за претседател од ВМРО ДПМНЕ, точно на полноќ ја започна својата кампања пред родната куќа во Охрид. Таа со моќно видео ги повика граѓаните да гласаат за неа.

Точно е полноќ а јас стојам пред родната куќа во Охрид. Таму почна мојот живот во Народна Република Македонија,вака го започнува видеото Силјановска, додавајќи дека ако треба да ја менува личната карта, ќе треба да излаже дека се родила овде во Република Северна Македонија.

Кандидатот за претседател Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова, денес ја започна својата кампања од родниот град Охрид

Гордана вели дека кампањата за претседателски избори ја започнува од местото каде всушност и започнал нејзиниот живот. Таа вели дека државата е во темнина, а таа посакува светлина.

Охрид е не само темен затоа што е ноќ, туку е темен затоа што си заминуваат младите, затоа што нема работа, затоа што туризмот нема создадено услови за развој. Мислам дека овој почеток ќе овозмможи промени. Се надевам дека со граѓаните на Република Македонија ќе зачекориме во ново време. Со ваша помош ова ќе биде почеток на крајот на една нелегитимна и мрачна власт. #ПравоИПравдаЗаМакедонија, напиша Силјановска.

Инаку Охрид е градот каде традиционално опозициската партија ВМРО, ги започнува своите кампањи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.