Во извештајот стои дека на крајот на 2017 година, по основ на крводарителски акции за собирање крв на позиција во финансискиот извештај на Институтот е искажано салдо од 13,4 милиони денари.

Објавил: Перо Милчин | 9 јануари, 2019 9:18

СКАНДАЛ: Поради лоши ќеси и “поминат рок” се губи крв од крводарителски акции

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Јавната здравствена установа Институтот за трансфузиона медицина нема правилен систем за документирање и контрола на приемот обработката и издавањето на крвта која е собрана преку крводарителски акции, констатирал Државниот завод за ревизија.

Во извештајот за оваа јавна здравствена установа ревизорите утврдиле скандалозни сознанија за начинот на кој се чува даруваната крв. Поради тоа, стои во извештајот, се елиминира значително количество на крв и крвни деривати.

Oд страна на службите на Институтот не биле доставувани соодветни приемници и испратници при приемот и издавањето на крвта како и во фазата на производството на крвните деривати. Ревизорите велат дека има отсуство на контрола.
Во извештајот стои дека на увид на ревизорите им била дадена детална анализа на дарувана и произведена крв, во рамки на секој регионален центар на ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина.

Извештајот кој е објавен деновиве, стои дека на крајот на 2017 година, по основ на крводарителски акции за собирање крв на соодветната позиција во финансискиот извештај на Институтот е искажано салдо од 13,4 милиони денари.

„Согласно на оваа анализа на подрачјето на еден регионален центар утврдено е дека е извршена елмининација на значително количество на крв и крвни деривати во процент кој достигнува и до 263 проценти во однос на вкупно произведените крвни компоненти. Согласно доставените објаснувања се работи за елиминација извршена поради оштетувања на ќесите како и поради изминат рок на траење иако од истата анализа е видливо дека во рамките на останатите регионални центри овие проценти се значително пониски, стои во извештајот.
„Признаени се и исплатени се трошоци за реализирани службени патувања во странство во висина од 333 илјади денари по основ на издатоци за сместување во хотели со пет ѕвезди, извршена исплата на дневници во износ повисок од предвидениот, како и исплати без да се обезбеди доказ за времето на поаѓање и враќање од патување. Наведеното е во спротивност со одредбите на Уредба за издатоците за службени патувања и селидби во странство што на органите на државната управа им се признаваат во тековни трошоци, пишува во извештајот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“, објавува весникот.

Фокус открива скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра

Во текст со наслов „МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР” неделникот Фокус открива скандалозни информации...

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше...

Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави.

ОМД побара Рама да се извини за таканаречената шега „Иднaта Западна Бугарија“

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечки глас за Македонците надвор од Македонија...