Демонстрантите бараат правда и слобода за осудениците од терористичкиот акт од Куманово 2015 година.

Објавил: Рејхан Бајрами | 9 мај, 2019 14:26

СКАНДАЛ: Транспаренти со УЧК и со картата на „Голема Албанија“ на протестот за ДИВО НАСЕЉЕ!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Денеска на пладне на скопскиот плоштад „Скендерберг“ почна протестот за осудените од случајот Диво Насеље, а како што може да се забележи на улиците во Скопје се веат албански знамиња и картата на “Голема Албанија”.

По улиците во главниот град и на скопскиот плоштад Скендерберг“ започна протестот за осудените од случајот Диво Насеље, а како што може да се забележи на протестот се веат албански знамиња и картата на “Голема Албанија”.

Демонстрантите бараат правда и слобода за осудениците од терористичкиот акт од Куманово 2015 година.

Пред четири години Македонија загуби 8 херои: Терористичкиот акт од Диво насеље и натаму без судски епилог.

Демонстрантите кое се придружија на протестот држат транспаренти за правда за малиот Алмир. На голем транспарент со голема Албанија стои и слика на Арсим Бајрами за кого се бара ослободителна пресуда.

Вооружената престрелка во Куманово, или полициска акција за разбивање на вооружена терористичка група, траеше на 9 и на 10 мај 2015 година во Куманово.

Акцијата започна рано изутрина во 04:30 часот во саботата на 9 мај и траеше речиси непрекинато 28 часа, сѐ до 10:00 часот во неделата на 10 мај. Акцијата резултираше со победа на македонските специјални сили и целосно неутрализирање и елиминирање на терористичката група, која дел ѝ се предале на македонските власти во текот на вечерта во саботата на 9 мај.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.