Пристигнатите камили се двогрби, од расата бактриан.

Објавил: Владо Марин | 22 јули, 2020 10:42

СКОПСКАТА ЗООЛОШКА СТАНА ДОМ НА ЈУЖНОАМЕРИКАНСКИ АЛПАКИ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во скопската Зоолошка градина за првпат ќе живеат алпаки. Три алпаки и две двогрби камили вчера во Скопје пристигнаа од Чешка и веќе се приспособуваат на новиот дом.

Во скопската Зоолошка градина за првпат ќе живеат алпаки!

Алпаките се јужноамерикански животни. Живеат на Андите во Чиле, Перу и Боливија и се прилагодени и на високи и на ниски температури.
Тие се вистинска атракција во сите зоолошки градини во светот.

Пристигнатите камили се двогрби, од расата бактриан.

За првпат, Скопје ЗОО постана дом на белоносести коати. Овие преслатки цицачи пристигнаа од Љубљана, а како вид потекнуваат од шумските предели на Централна и Јужна Америка.

Коатите тежат до 4 килограми и со своите опашки многу потсетуваат на ракуните, стои на Фејсбук страницата на Зоолошката градина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.