Белите волци ќе бидат втор вид на ретки бели животни во скопската зоолошка по белите лавови Чака и Бела кои веќе се омилени меѓу посетителите.

Објавил: Владо Марин | 16 јуни, 2020 6:39

Скопје ЗОО за прв пат ќе биде дом на арктички бели волци!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Овие волци доаѓаат од зоолошките во Литванија и Германија и се редок и загрозен вид. На возраст се од околу една година и очекуваме во Скопје да пристигнат следниот месец.

Белите волци ќе бидат втор вид на ретки бели животни во скопската зоолошка по белите лавови Чака и Бела кои веќе се омилени меѓу посетителите.

Пред некој ден, во зоолошката во Скопје беше отворено и живеалиштето на фламингата, а 15 фламинга веќе уживаат во него.

Зоолошката најави дека ќе донесе и пингвини во следниот период.

Во текот на своето постоење Градината игра значајна улога во едукативно-воспитниот, културниот и рекреативниот живот не само на Градот туку и пошироко, и е една од најпосетените институции во Градот и пошироко во Републиката.

Зоолошката градина Скопје е формирана во 1926 година од страна на тричлена комисија со која раководел доктор Станко Караман, тогаш е предложена и денешната локација која зафаќала 4 хектари површина до крајот на 1965 година. Во тоа време Градината располагала со скромен број животни. Со текот на годините Градината се проширувала и се зголемувала колекцијата на животни.

Денес Градината е лоцирана на површина од 12 хектари, и располага со колекција од 495 животни од 96 видови (цицачи, птици, влекачи). Располага со економски дел, работилница, ветеринарна амбуланта, забавен парк за деца, едукативен центар.  

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.