Илиевска со писмо до Заев: Ја умревте Битола !

Објавил: Узунов Бобан | 12 август, 2019 7:59

Советничката од Битола Илиевска со писмо до Заев: Ја умревте Битола, ја прокоцкавте надежта на Битолчани !

Фото/Текст извор: ©plusinfo.mk/магазин

Можи и немаше да го напишам овај текст, ама капаче на цела оваа курто-муртовизија беше Вашата изјава премиере: „Северна Македонија ја правиме убаво место за живеење“.
Не можам, а да не прашам, ама онака на битолски: Како ја прајте, жити сė?-пишува Габриела Илиевска, советник во општина Битола и познато лице во градот како 

За почеток: искрено мислам дека со то „северна“ кај шо треба и не треба, на народот му се смачивте. Знајме „дека мораше“ (најверојатно), ама знајме и дека не мора сегде.

Туку, друго ми беше муабето. Како ја прајте Македонија, ко Битола ја доотепавте? Или, Битола не е во Македонија? Е па да ве потсетам, Вашата министерка за одбрана беше носител на листа во 5-ка. На сред Широк Сокак од петни жили викаше: „Битола не смее повеќе да умира!“

Е па кажете и дека умрена е! Оти секој ден сме по погреби, оти битолчани се најзаболени во Европа и оти од нејзините ветувања за филтри (на затворени трибини, на секои пет месеци) – нема ништо! И знам дека не и е ни гајле, ама мене ми е гајле оти та живеј од струјата која се произведва во Битола.

Ах, да… ќе го забораев и заменик-министеро за животна средина, ко го не знам колку пати го имат гласано битолчани и кој е по потекло од Битола само избори ко ќе има. Кажете му дека за нашето барање за субвенционирана струја неговото министерство се прогласи ненадлежно, како и цела влада… Ама кај да е – Битола ќе се прогласи ненадлежна за избирање на луѓе на кои не им е важна.

Како ја прајте поубо место Македонија, кога сите кои кои ги слушавме во „Вистината за Македонија“, за кои овие избраните од Битола велеа дека се криминалци, сега се главни спонзори, донатори и спасители, м? И да е поперверзно сето то, сега оние кои од Битола ги клавате на највисоки функции, со нив заедно ќе ја спасвале Битола.

Како ја прајте поубо место, кога ни ја потценвате интелегенцијата и ни велите дека Грујо уште е крив? Имавме еден градоначалник кој ни велеше дека божјите сили се криви, ама Трајанка Ваша, машала, поербап.Та Ни вели дека немала магично стапче за сė наеднаш да реши, ама еве, гледаме со шо се занимавала, зато немала.

И не ми прајте жртва од никој, оти сите знат шо прат, посебно тука, во Битола. И најдобронамерно речете им и поздравете ги да не пуштаат гласници со закани, оти никој не им се плаши, туку на сите ни е срам кој стигна да нė води и од кој ни зависи иднината на градо.

На крај, премиере, ова второ писмо не дека нешто ќе смени, ама моја должност е да кажам оти Вие, Кики, Фрики, Трајанка и сите оние кои лапнаа фотелји и функкции – сите сте криви – не јас, не битолчани, не Грујо – вие кои ја прокоцкавте надежта и вербата на луѓето!

Со почит,
Габриела Илиевска
независен советник во Советот на Општина Битола 
 
 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.